ЕКСКЛУЗИВНО ЗА ИНФОМАКС, ВЕДНАШ ПО ИЗЛЕГУВАЊЕТО НА СЛОБОДА: Јакимовски за целата драма која се случуваше во изминатите два дена

  • August 8, 2018

Имав сознанија, уште изутрината дека е напишано решението за мое приведување. Тоа и се случи – рече Јакимовски, веднаш по излегувањто од Кривичниот суд во ексклузивно кратко интервју за Инфомакс.мк

 

 

 

Како што изјави лидерот на ГРОМ, тој и неговата партија остануваат на ставот за бојкот, без разлика на притисоците. Тој, како што вели, чувствува должност да застане на браникот на државата и народот од кој цел живот „ја храни својата фамилија“.

Јакимовски открива и низа на интересни детали.

Тој ја обвини власта на СДСМ дека се обидува да ги злоупотребува македонските институции, но сепак верува во истите и сака целата работа околу монтираните обвиненија да се расчисти во коректна постапка дека всушност не станува збор за никаков криминал во неговиот случај

. Јакимовски вели дека единствено се бараат формални причини за тој и неговите поранешни соработници да се најдат зад решетки, но во актуелната политичка ситуација тој изјави дека е спремен се да преживее во интерес на правдата и правото и да се одбрани честа на институциите.

Претходно «
Следно »