ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините!

  • February 18, 2017

И додека државата кризира поради хировите на нејзиниот штитеник, Катица Јанева, благодарение на енормно високите примања кои достигнуваат преку 3.000 евра месечно, лесно може да си допушти живот на висока нога.

katica se relaksira infomaks

Како што може да се забележи од фотографијата до која ексклузивно дојде Инфомакс, Катица Јанева раскошно ги распослала нејзините облини покрај базенот во еден наш познат велнес центар.

Секако, платата која ја добива од граѓаните на Р.Македонија таа наместо да ја искористи за она за што е избрана, Катица решила да го изживее сето она кое во младоста го пропуштила, а сега и е овозможено со народни пари.

И не само тоа. Како 3.000 евра плата да не беа доволни, Катица се жалеше дека не и бил доделен стан во Скопје, иако таа веќе поседува два стана во нејзина сопственост. Поточно, станови кои ги препишала на нејзините деца.

Притоа, Катица која или е на грчките плажи, или ги распушта раскошните облини во скапи велнес центри наместо да работи, кога ќе биде побаран отчет за сработеното, вели дека немала доволно време. И, разбирливо. Сончањето, шетањето, свадбите и прославите одземаат многу време. Всушност, кога еден човек ќе реши да го изживее еден цел период во животот тогаш кога му поминало времето, тогаш се случуваат и екцеси како овој.

Да не заборавиме. Катица потроши и голем дел од нејзиниот мандат на изнаоѓање на кадровски решенија и измислување на работни места за членови на нејзиното потесно семејство, но и на партиски послушници од СДСМ. Така на пример, Катица си го вработи нејзиниот внук, а тоа и јавно го призна. Секако тоа не беше причина за скандал во соросоидните медиуми кои редовно милуваат да зборат за непотизам.

Го вработи и осуденикот и опозициски колумнист Боки Бургија. Ќерката на Есад Рахиќ, Берниса. Лустрираниот кодош Панта Џамбазовски и редица други.

Претходно «
Следно »