ЕКСКЛУЗИВНО : Јакимовски уште од изутрина добивал закани дека ќе биде приведен!

  • August 7, 2018

Претседателот на партијата ГРОМ Стевче Јакимовски за нашиот портал Инфомакс обелодени дека решението за негов притвор било напишано уште рано изутринава. Јакимовски вели дека тој добил закана по телефон дека ќе биде притворен од страна на непознато лице, но добро информирано со извори директно во правосудните органи.

Јакимовски вечерва во својата изјава која ја даде пред својот дом истакна дека постојано добива закани од високи претставници на СДСМ, а дел од нив повеќе пати се обиделе и физички да се пресметаат со него. Тој ги спомена случаите кога физички беше нападнат од советникот на Заев за град Скопје познат по својот прекар Сокол како и случајот со братот на пратеникот Есад Рахиќ кој Јакимовски го нападна со нож на денот на изборите, а во видеото од нападот му се закануваше дека ќе оди во затвор.

Претседателот на ГРОМ обелодени дека притисоци се вршат и врз вработените во општина Карпош, да сведочат против него за наводен криминал извршен кога тој беше градоначалник на општината. Според Јакимовски сите овие притисоци се поради неговите политички ставови за бојкот на престојниот референдум за промена на името на Македонија, и неговиот цврст став по однос на ова прашање.

Стевчо Јакимовски во живо!

Posted by infomax.mk on Tuesday, 7 August 2018

Претходно «
Следно »