ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖВАТА?: Коце Трајановски, е новото име кое се споменува во трката за претседателски кандидат

  • February 3, 2019

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, е новото име кое се споменува во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ниту потврдува ниту негира дека ќе се пријави на огласот на партијат, пренесува Фокус.

Партиски извори брифираат за ТВ Сител дека тој е во игра, а на прашање на телевизијата, Трајановски кусо одговорил:

-Да ја оставиме дилемата отворена.

ВМРО-ДПМНЕ официјално во вторник ќе објави кои од осумтемина кандидати ќе ја помине првата фаза. Единствено Влатко Ѓорчев и Филип Петровски открија дека ќе побараат поддршка од партијата. Третото име за кое се шпекулира дека ќе биде дел од претседателската трка е професорката, Гордана Силјановска.

Претходно «
Следно »