ЕК: „Cпyтник V“ нe e дeл oд ЕУ cтpaтeгиjaтa зa вakциниpaњe

Поврзано

Дневен ковид биланс: Починaти се 24 лица, регистрирани се 364 нови случаи во Македонија

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови...

Биотepopистите го напуштија Cобранието

Пратениците за биотериризам го напуштија Собранието откако успеаја д аго привлечат медиумското внимание и од седница која требаше да...

ЦЕЛА ПЛАНЕТА ЗБОРУВА ЗА ОВА: Кој го бакна принцот Чарлс додека во солзи го погpeбуваше својот татко

Светот втор ден не престанува да зборува за погребот на принцот Филип. Денеска во центарот на вниманието се принцезата Кејт...
- Advertisement -

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација.

Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба на вакцината во ЕУ и ЕУ стратегијата за вакцинација, преку која заеднички се нарачуваат вакцини за сите 27 земји-членки на Унијата.

– Стратегијата на ЕУ за вакцинација се развива и се применува во соработка со ЕК и со земјите-членки. Тие можат да одлучат да ја интегрираат новата вакцина во постоечкото портфолио, но во моментот не се разговара за тоа, истакна Мамер.

ЕК соопшти и дека во име на ЕУ веќе склучила договори за набавка на доволно вакцини (2,6 милијарди дози од шест компании), со што би се реализирала целта – да се вакцинираат 70 проценти од Европејците до крајот на летото.

Во Брисел истакнуваат дека при одобрување на вакцините не се раководат од геополитиката, туку со проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцините.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека почна со испитување на вакцината против Ковид-19 „Спутник V“, а руските власти соопштија дека се подготвени до јуни да обезбедат 50 милиони дози вакцини за граѓаните на Европска Унија.

Latest News

(Видео) Силен зeмјотрeс од 5,9 степени кај нykлeaрните елeктрани во Иран

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтер, утрово го погоди јужниот дел на Иран. Епицентарот бил во провинцијата Бусхер...

More Articles Like This