ЕК paзмиcлyвa дa ги ykинe зaбpaнитe зa пaтyвaњe вo ЕУ зa гpaѓaнитe oд Зaпaдeн Бaлкaн

Поврзано

Јенс Шпан: Пaтyвaњaтa вo ЕУ ќe бидaт мoжни и бeз пoтвpдa зa вakцинaциja

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и...

Ceдyм лицa ги зaгyбиja живoтитe вo двe лaвини нa фpaнцycкитe Aлпи

Седум лица загинаа денеска во две лавини на француските Алпи, соопштија властите, кои вчера предупредија за нестабилност на снежните...

СЗО: Децата нe тpeбa дa ce вakциниpaaт cè дoдeкa нe ce вakциниpaaт пocтapитe и pизичнитe

Светската здравствена организација (СЗО) денеска оцени дека децата не треба да се вакцинираат против Ковид-19 сè додека не се вакцинираат постарите лица и...
- Advertisement -

Од Европската комисија соопштија дека работат на предлог кој би ги променил сегашните препораки со кои се забранети неприоритетните патувања на граѓаните од Западен Балкан во ЕУ.

– Работиме на промена на овие препораки. ЕК работи на нов предлог за да дојде до промен на ситуацијата за патниците од земјите од Западен Балкан, изјави портпаролот на ЕК, Адалбер Јанз.

Тој нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе претставениот предлог за издавање дигитални зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за граѓаните од трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

Во овој момент дигиталните сертификати (планирани за лето) не го менуваат фактот дека во ЕУ на сила се рестрикции кои се однесуваат на неприоритетни патувања во ЕУ, објасни Јанз.

Од ЕК претходно порачаа дека се работи на тоа дигиталните зелени сертификати, кои би требало да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, да станат функционални пред почетокот на летото.

Планирано е европските сертификати за вакцинација со било која вакцина против Ковид-19, за поседување на ПЦР тест или антитела, се прошират и на граѓаните од третите земји, а дека се работи и на меѓусебно признавање на сертификати меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан.

Latest News

Јенс Шпан: Пaтyвaњaтa вo ЕУ ќe бидaт мoжни и бeз пoтвpдa зa вakцинaциja

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан смета дека летниот одмор во рамките на Европската унија ќе биде можен и...

More Articles Like This