October 27, 2021, 10:08 am

Екcпepтcкиoт кoмитeт нa aмepикaнcкaта влaдa: Упoтpeбaта нa acпиpин нa днeвнa бaзa нe e пoвeќе пpeпopaка зa лицa нaд 60 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Експертскиот комитет на американската влада во вторникот соопшти дека повеќе не препорачува дневна доза на аспирин за да се намали ризикот од срцев и мозочен удар кај луѓе постари од 60 години, објави француската новинска агенција АФП.

Луѓето на возраст меѓу 40 и 59 години кои се изложени на поголем ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања, но немаат историја на таа болест, треба да се консултираат со својот лекар и да донесат индивидуална одлука дали да започнат со земање на лекот.

Од 2016 година, препорачаната дневна доза на аспирин е за постари лица

Оваа изјава претставува голема пресвртница во американската медицинска област, каде секојдневната употреба на аспирин е распространета практика.

Лекот ја разредува крвта, го спречува формирањето на згрутчување на крвта и го намалува ризикот од срцев или мозочен удар.

Од 2016 година, Работната група за превенција, владиниот медицински експертски комитет, препорача дневна доза на аспирин за луѓето во педесеттите години кои имаат 10 проценти поголем ризик од срцев или мозочен удар во следните 10 години.

Потоа, на панелот исто така беше речено дека за лицата изложени на ризик во нивните 60-ти години, одлуката за земање аспирин треба да биде индивидуална.

Но веќе неколку години студиите ги доведуваат во прашање овие препораки.

Во вторникот, експертите рекоа дека придобивките од аспиринот не се доволни за да се балансира зголемениот ризик од крварење, особено во мозокот или цревата, кај постарите лица.

„Секојдневната употреба на аспирин може да помогне во спречување на срцев и мозочен удар кај некои луѓе, но исто така може да предизвика потенцијално сериозна штета, како што е внатрешно крварење“, рече членот на работната група, Џон Вонг.

„Важно е за луѓето кои се на возраст од 40 до 59 години и немаат историја на срцеви заболувања да разговараат со својот лекар за да одлучат заедно дали е добро за нив да започнат да земаат аспирин“, вели Вонг.

Новите препораки не се конечни

Овие нови препораки сѐ уште не се конечни. Тие ќе бидат отворени за јавна дискусија до почетокот на ноември.

Тие исто така не се однесуваат на пациенти кои земаат аспирин по мозочен или срцев удар, се вели во соопштението.

Земањето аспирин за да се намали ризикот од срцеви заболувања е често спонтана одлука на многу Американци.

Според една студија од 2017 година, 23 проценти од возрасните на возраст од 40 години и постари кои немаат кардиоваскуларни заболувања земале аспирин како превентивна мерка, од кои 23 проценти го направиле тоа без препорака од доктор.

Latest News

(Видеот) Жениште – Арсовска ги пpeгази: Како не ви е cpaм, кога бapaвте совети од мене ви чинев, сега дpcко лажете

Данела Арсовска ги демантираше лaжните наводи на власта дека поседува бугарски пасош и притоа жecтоко го искритикува Петре Шилегов...

More Articles Like This