ЕКCTPEMHO ЗAГAДEH ВОЗДУХОТ ВО КУМАНОВО: Причината наводно греењето на бoлницaтa

  • October 27, 2019

Откако синоќа мерната станица измери екстремно загаден воздух, денеска општина Куманово соопштува дека се во тесна соработка со Министерството за животна средина, кое е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух во земјава. Континуирано се следат промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.

„Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската Болница, непосредно до котелот за затоплување на истата. Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички. Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки. Проектната документација за изградба на траса до болницата со цел гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе. Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој круцијален проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас“, се вели во соопштението на веб страницата на општината.

Градоначалникот Максим Димитриевски, како командант на Општински штаб за заштита и спасување, во координација со своите надлежни служби од штабот и Општинското одделение за заштита на животната средина и природата, го задолжи ЈП “Чистота и зеленило” да изврши аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема, со што директно би се влијаело на зголемување на квалитетот на воздухот. Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Општина Куманово и дава брзи резултати за намалување на загадувањето на воздухот во градот, кое во изминативе неколку денови беше неколку пати повисоко во однос на дозволените гранични вредности, нагласуваат од општината.

Претходно «
Следно »