ЕЛЕМ ќе купува 29,7 гигават часови електрична енергија

Поврзано

- Advertisement -

Компанијата соопшти дека причина за набавката е зголемената побарувачката од овој вид енергенс во текот на ноември кога почнува грејната сезона.

 

Државната енергетка компанија ЕЛЕМ планира да купи 29,7 GWh електрична енергија за да ги покрие потребите на тарифните потрошувачи (домаќинствата и помалите индустриски потрошувачи). Огласот за набавка на струјата ќе биде распишан денеска, додека аукцијата ќе се реализира по пет дена.

Компанијата соопшти дека причина за набавка на електрична енергија е зголемувањето на побарувачката од овој вид енергенс во текот на ноември кога почнува грејната сезона.

„Производството на АД ЕЛЕМ во тој период ќе биде недоволно поради тоа што еден блок на РЕК „Битола“ се уште ќе биде во ремонт, во РЕК „Осломеј“ се уште траат подготвителните активности за почеток на производството и за дополнителен ископ на јаглен кој досега не бил обезбеден, додека хидроелектраните не располагаат со доволно акумулации за потребите на производството во зимскиот период“, објаснуваат од ЕЛЕМ.

Компанијата додава и дека дополнителното количество на електрична енергија потребно за ноември го набавува еден месец порано со цел со навремениот повик до фирмите увозници да обезбеди подобра конкуренција и пониска цена.

Од таму и со информација дека од 01.01.2018 година оваа обврска повторно ќе ја преземе АД ЕВН, бидејќи резултатите од оваа година покажуваат дека новопреземената обврска на АД ЕЛЕМ за купување електрична енергија не го намали увозот и цените, туку напротив, ги зголеми во споредба со годините наназад кога увозот го вршеше АД ЕВН, односно од 44,6 €/MWh просечна цена за увоз во 2016. и во 2017. просечната цена е зголемена на 74,1 €/MWh.

Latest News

Брнабиќ: ЕУ постави опaceн преседан со билатералните прашања кои немаат никаква врска со европските интeграции

Постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со...

More Articles Like This