ЕЛЕМ ЌЕ СЕ ШИРИ ВО СТРАНСТВО: Една од најголемите македонски компании ќе се шири надвор од Македонија!

  • November 2, 2016

ЕЛЕМ планира да се шири надвор од Македонија. Во државните Електарни се прават анализи во наредниот период да бидат отврени две фирми надвор од земјава преку кои ќе се пласираат произведените вишоци струја.

„Се прават анализи во компнијата за отворање на две фирми, една во соседна земја и една во Европската унија со цел полесно пласирање на производствто на слободниот пазар. Преку нив би допреле и до берзите во Европа што ќе донесе финансиска корист за компнијата“, вели Христијан Мицковски, директор на ЕЛЕМ.

ЕЛЕМ е меѓу најголемите компании во земјава. Лани била на петто место на листата најдобри со обрт од 260 милиони евра и нето добивка од 6,5 милиони евра. Менаџментот очекува дека резултатите ќе се повторат и годинава. Капацитетите ги обезбедуваат потребните количини струја за домашниот пазар, а вишоците се продаваат на отворен пазар по повисоки цени.

„ЕЛЕМ успеа дел од производството да пласира на слободниот пазар и постигнавме цена која е за 20% повисока од регулираната. Купувач е компанија од Центрлна Европа и испораката веќе тече без никакви проблеми“, вели Мицковски.

ЕЛЕМ ќе продолжи со инвестициите. Ќе се работи на втората фаза на ветропаркот во Богданци, проект кој се покажа исклучително исплатлив, а се вршат и истражувањата во регионот на Пехчево на ново наоѓалиште на јаглен. Целта е во иднина Македонија сама да ги обезбедува потребните количини струја.

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сител ТВ

Претходно «
Следно »