ЕЛЕНА И ИГОР ДЕНЕС СИ ОДАТ ДОМА: Решенијата за домашен притвор од денес се правосилни!

  • January 30, 2018

Кривичниот совет на Основниот суд Сопје 1 донесе одлука мерката притвор за Игор Дурловски и Елена Доцевска-Божиновска да биде заменета со куќен пртвор. Решенијата за оваа одлука од денеска се правосилни и треба да бидат доставени до затворот во Шутка, по што тие ќе бидат пуштени дома.

Пратеничката Жаклина Пешевска доби мерка претпазливост и сѐ уште чека правосилно решение за да го остави пасошот во Кривичен и после два месеци куќен притвор да може да го напушта домот.

Сите тие се обвинети за случувањата во Собранието на 27. април.

Претходно «
Следно »