Емотивно проштално писмо од синот на Рејес: Бев и секогаш ќе сум горд на тебе тато…

  • June 2, 2019
  • Коментари

Пријателите и најблиските членови на семејството на Хозе Антонио Рејес поминуваат низ еден од најтешките моменти во животот.

Шпанскиот фудбалер го загуби животот во сообраќајна несреќа и зад себе остави сопруга и три деца. Највозрасниот од нив го носи неговото име и со емотивно писмо се прости преку социјалните мрежи.

„Ова е последниот момент кој што го поминавме заедно тато… тој ден ми даваше совети како и секогаш, но денес си замина засекогаш и ова е тежок ден за мене. Бев и секогаш ќе бидам горд на тебе тато… Не го поминавме заедно цело време што го посакувавме, но само јас и ти знаеме колку се сакавме. Знам дека ќе ме чуваш од небото, а јас нема никогаш да те заборавам. Те сакам, тато! Им благодарам на сите за поддршката“, напиша Хозе Антонио Рејес Лопез.

Рејес беше поранешен шпански репрезентативец и член на екипи како Реал Мадрид, Севиља, Атлетико Мадрид и Бенфика. Кариерата ја заврши како фудбалер на второлигашот Екстрамадура, а дури пет пати се радуваше на трофејот во Лига Европа (Куп на УЕФА).

Претходно «
Следно »