ЕМ СИТА – ЕМ ЗГОДНА: Најдобрата диета со која намалив 2 конфекциски броја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За читателите на НМД.мк, оваа нутрицистички осмислена диета ја испратила читателка на НМД.мк Тања. Таа вели дека пронаоѓањето на оваа диета за нејзе било откровение, бидејќи со нејзина помош на многу лесен начин ја намалила тежината.

Оттогаш, таа вели, дека најмалку еднаш до двапати во годината ја применува оваа диета, бидејќи пред сè не е тешка, а многу успешно и без никако проблем се осло-бодува од сè непотребно што во меѓувреме се наталожило.

Диетата ја открила во некое старо списание (речиси пред две децении, а можеби и повеќе), од кое ни испрати и фотографии. Ја составиле група од нутриционисти во соработка со лекари. Овој начин на исхрана го испробал и тогашниот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле.

ДИЕТА

Успешноста на оваа диета се состои во тоа што сè што му е потребно на организмот го зема од оброците. Практично, ова е еден вид здрава из-мама на метаболизмот, кој навикнат да сого-рува повеќе од она што всушност му е потребно, ќе ги сто-пи мас-тите кои се вишок во вашето тело.

Диетата се состои од циклус од 20 дена во кои се јадат два точно определени оброка, а нивното количество не е ограничено. Она што задолжително мора да го запазите е по завршувањето на еден диетален циклус од 20 дена да се направи пауза од еден месец.

По завршувањето на тој месец можете повторно да започнете уште еден диетален циклус од 20 дена. Од еден диетален циклус со сигурност се сла-беат 8 ки-лограми. Оброците кон-сумирајте ги на растојание од шест часа (на пример: првиот во 10 или 11 часот наутро, а вториот во 17-18 часот попладне).

ДИЕТАЛЕН ЦИКЛУС

1 ДЕН: Макарони со сирење и јогурт (по ваш вкус). Макароните можете да ги приготвите по ваш вкус варени или потпечени. 2 ДЕН: Тава ориз. Потпечен или пилав. Можете да го приготвите и на вашиот вообичаен начин за подготовка. Земајте го во комбинација со сирење и јогурт. По ваша желба.

3,4,5 ДЕН: Пилешко месо со салата. Варено, печено на сол (без маснотија) по ваш вкус. Салатата може да ја направите по ваш вкус. Во неа можете да ставите сè што се подразбира под терминот зеленчук.

6,7,8 ДЕН: Јунешко месо со салата. Подготовката на месото, повторно зависи од вашиот вкус. 9,10,11 ДЕН: Риба со салата. Приготвена по ваш вкус: печена во фолија, или туна во конзерва, но не во масло, туку во вода.

12, 13, 14 ДЕН: Зрнест зеленчук: грав, грашок, боранија, леќа. Нормално подготвено како што го јадете вообичаено. Значи гравчето може да го подготвите како чорба или пак тавче-гравче потпечено.

15,16 ДЕН: Компири во сите можни варијанти: печени, варени, дури и помфрит. 17 ДЕН: Само овошје. Може да јадете дури и банани. 18 ДЕН: Макарони по ваш вкус, во прилог со сирење и јогурт (од првиот ден).

19 ДЕН: Ориз подготвен по ваш вкус (од вториот ден). 20 ДЕН: Верувале или не, дваесеттиот ден можете да јадете сè што е слатко: торти, еклери, баклави, чоколади… комбинирани во два оброка.

НАПОМЕНА: Оброците кои ќе ги јадете двапати на ден можат да содржат количество на храна по ваши мерила. Значи два пати на ден, може да консумирате колку што сакате од она што ви следува тој ден.

Во текот на диетата, течностите се неограничени. Значи може да пиете кафе, чај (но не со шеќер, туку со „натрен” или стевија). Може сокови но не густи и газирани. Минералната вода е дозволена во неограничени количини.

По завршувањето на циклусот од дваесет дена, не заборавајте дека мора да направите пауза од цел еден месец, кога треба да го отфрлите лебот и слатките (шеќерите).

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This