October 24, 2021, 3:43 am

Ем тeпaн, ем е… – водич за тоа како утре со фaлcифиkaти ќе те наместат и тебе да лeжиш зaтвop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога доаѓа времето да се каже вистината, таа треба да се каже отворено и каква што е. Затоа, предлагам да престанеме да се лажеме и причината поради која Македонија е претворена во паланка да ја бараме во Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Груевски, Мијалков, Апасиев. Вината за тоа зошто државата е на ова дереџе е само и исклучиво кај судиите и обвинителите кои непрестајно си го бараат својот стопан.

Ако имавме судство какво што треба да има нормална држава, тогаш обвинителот кој подметнал документ со фабрикувано деловодно бројче и со тоа го излажал судот да започне постапка против лица за кои не требало да има постапка би требало да добие кривична пријава по службена должност.

Ако имавме судство какво што треба да има нормална држава, тогаш директорот на службата за следење, во случајов Викторијо Димовски би требало да биде осуден во експресна постапка поради фингирање на докази без наредба, врз основа на кои пак луѓе лежат во притвор за нешто што никогаш не се случило.

Ако имавме судство какво што треба да има нормална држава, тогаш судијата кој треба да води постапка во која сите страни се еднакви и имаат право на одбрана и еднаквост во оружјата, нема да се јавува на адвокатите и да им ги отповикува во 18.00 часот навечер, за да назначи друг адвокат непосредно пред почетокот на рочиштето.

Нешто се мати

Ако сме нормална држава, во која судиите не си го бараат својот стопан за да му удоволат, тогаш кажете ми, како тоа судијата кој треба да решава во постапка утре, вечерва му се јавува на адвокатот и го известува дека му е одземено полномошното да го застапува неговиот клиент, за потоа изутрината непосредно пред започнување на постапката да назначи нов адвокат кој објективно неможе да знае од што треба да се брани.

Таков е случајот со судијата во случајот „Плацеви на Водно“. Да, тој кој треба да обезбеди правичност во постапката, да ги запази сите одредби од конвенциите за човекови права, де факто, со фрапантна леснотија ги крши.

Предмет врз основа на фалсификат

За да биде правната несигурност дотолку повеќе изразена, Македонија е земја во која обвинителот може да му подметне на судот фалсификувани докази, а судот пак истите да ги прифати иако му е предочено дека истите се фалсификувани.

Накратко, како тоа изгледа.

Пред започнување на една судска постапка, обвинителот треба да ја оконча својата истрага за која се сомнева дека има кривично дело со обвинителен предлог. Тој обвинителен предлог, обвинителот го испраќа на осценување пред судот, кој пак по разгледување на предметот одлучува дали ќе има судска постапка или обвинителниот предлог ќе го отфрли поради недоволно индиции за настанато кривично дело.

За да биде прифатен обвинителниоот предлог, истиот треба да е суштински исправен (докази, индиции, искази) и процесно точен (запазени рокови, законски стекнати докази и искази, соодветно водење на евиденција). Доколку една од овие претпоставки не е исполнета тогаш судот има законска обврска да го отфрли таквиот предлог. Секако, само во случај кога судот не си бара свој стопан.

Во случајот „Плацеви на Водно“ се случува токму ова.

Надлежната обвинителка, во случајов Лиле Стефанова, при поднесувањето на обвинителниот предлог за оценка пред судот, како што вели, по грешка испратила и документ кој не постои во архивата на судско-обвинителскиот систем. Поточно, обвинителката го презентирала тој документ како исказ на Никола Груевски во врска со предметот „Плацеви на Водно“ даден во август 2015. година даден во истрага за истиот предмет.

Проблемот е во тоа што во 2015 година воопшто немало истрага за овој предмет, туку имало предистрага, па тој исказ бил заведен со ознака „РО“. Обвинителката, „по грешка“ документот во списокот на докази го завела под ознака „КО“ што пак означува истрага и само тогаш може да се користи во судска постапка.

И така, „по грешка“ (која и Стефанова самата ја призна), започнува рочиштето кое законски не би смеело да започне бидејќи судот морал да знае и да ја констатира „техничката грешка“ на обвинителката и да го отфрли обвинителниот акт. Напротив, надлежниот судија не само што не го отфрла ова, туку и за виновни ги смета адвокатите кои посочуваат на ваквиот фалсификат – што би рекол народот, „Ем тепан, ем е…“

Но, наводните грешки не се воопшто наивни. А, ќе ви кажам и зошто.

За да може една постапка да го земе својот тек во судска инстанца, обвинителот треба да спроведе истрага врз основа на која ќе формира обвинителен акт кој потоа оди на оценување од судот. Но, истрага може да започне САМО откако обвинителот ќе земе исказ од првоосомничениот. Без исказ од првоосомничениот, обвинителот НЕ СМЕЕ да започне официјална истрага, уште помалку истрагата да ја претвори во обвинителен акт кој потоа ќе биде прифатен од судот. А, како што знаеме, Стефанова и да сака не може да земе исказ од екс-премиерот Груевски кој пак е првообвинет во случајот, и така, обвинителката ја прави „техничката грешка“.

Временска машина, ОЈОГОКК

Она што дополнително вчудоневидува е можноста на обвинителката Стефанова да патува во времето. Фигуративно, де.

Замислете, Лиле Стефанова успеала да земе исказ од Никола Груевски во кој се зборува за дејствие кое се случило после четири месеци. Еве, јас не знам никој кој до сега успеал да знае што ќе се случи по четири месеци, а уште помалку тоа да го стави како доказ во наводна изјава за која пак, одбраната во случајот „Плацеви на Водно“ тврди дека е фалсификувана.

Еве, ако некој знае, нека ме поучи.

Мизерија

Мизерно е чувството на беспомошност. Горчи сознанието дека ако во државата во која живееш, твориш, создаваш, може да ти одземе се и да те фрли во некоја темна пондила, само затоа што ти имаш свое мислење и не му се допаѓаш на обвинителот, судијата или политичарот.

Повеќе од јасно е дека жртва на ваква одмаздољубивост е и Орце Камчев, но и Сашо Мијалков и Никола Груевски.

Камчев затоа што ја откри рекетарската шема на СЈО, а Мијалков и Груевски веројатно затоа што 12 години беа власт.

Друго објаснување, зошто се води ваква небулозна постапка во која нема доволно докази, а оние кои ги има се фалсификувани – немам.

А.Митовски

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This