ЕНЕРГЕТСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗАДОВОЛНИ: Гасификацијата ќе донесе подобар квалитет во животната средина

  • September 22, 2016
Инвестицискиот бран, кој треба да ја гасифицира земјава, ќе продолжи и следниот месец кога се очекува да започне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.

Македонија се гасифицира. Во полн ек се градежните активности на магистралната гасоводна мрежа од Штип до Неготино во должина од 36 километри.

За оваа траса ќе бидат инвестирани околу 16 милиони евра, а ќе ја гради македонски конзорциум предводен од кумановски “Рапид билд#, заедно со уште четири компании “Ел-Те#, “Сектартермо#, “Чакар партнер# и “Квалитет пром”. Во план е изградбата на делницата Штип – Неготино да заврши до крајот на следната година.

Гасоводната мрежа Штип – Неготино се надоврзува на гасоводот Клечовце – Штип, чија изградба, во должина од 61 километар, заврши минатиот месец. За овој дел од гасоводот беа инвестирани 75 милиони долари.

Инвестицискиот бран, кој треба да ја гасифицира земјава, ќе продолжи и следниот месец кога се очекува да почне и изградбата на гасоводните делници Неготино – Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар, со што ќе се заокружи првата фаза од изградбата на националната гасоводна мрежа.

Гасификацијата треба на земјава да и донесе поевтин енергенс и почиста животна средина. Истовремено употребата на овој енергенс ќе придонесе за намалување на загадувањето особено во зимските месеци кога тоа е и најголемо заради греењето на дрва.

Според професорот и експерт за енергетика Константин Димитров добро е што се зголемува периодот за концесија, бидејќи со тоа му се дава шанса на концесионерот да си ги врати парите и да прави профит.

– Со тоа државата му дава до знаење на идниот инвеститор дека се грижи што повеќе потрошувачи да има, со што тој побрзо ќе влезе во позитива, односно ќе оствари добивка. Истовремено државата им помага на граѓаните да ги сносат трошоците за приклучување – вели универзитетскиот професор Димитров.

Тој посочи дека со гасификацијата ќе бидат опфатени сите региони преку јавно приватно партнерство.

Дел од експертите, пак, сметаат дека земјава се соочува со големи проблеми во однос на заштитата на животната средина особено кога се работи за загадувањето со честичките ПМ 10 и ПМ 2,5 во градовите Скопје, Битола и Тетово.

– Очекувам дека најголемата придобивка ќе биде токму подобрувањето на амбиенталниот возуд во овие градови. Со оглед на тоа дека најголем дел на емисијата на штетни гасови е од согорувањето, кога постојните горива би ги замениле со природен гас можеме да очекување подобрување на квалитетот на водухот во градовите – укажа деновиве професорот на Машински факултет при УКИМ, Даме Димитровски.

Предност на гасификацијата е што граѓаните и фирмите ќе имаат алтернатива. Ќе можат да ги користат постојните енргенси, но ќе можат да користат и гас. Трошоците значително ќе се намалат, односно цената за прилучок се намалува од 100 на 80 евра, а разликата ја субвенционира државата.

 

 

 

Извор: Вечер.мк

Претходно «
Следно »