Енергијата е насекаде околу нас, искористете ја

Поврзано

Овните полни со пoзитивнa eнepгиja, Водолиите ги oчeкyвaaт тeшкoтии нa paбoтa

ОВЕН Работа: Полни сте со позитивна енергија и оптимизам. Во тој дух комуницирате со колегите и правите нови планови. Љубов: Задоволни...

Baгaтa ќe флepтyвa нa paбoтa, Шкopпиjaтa вo тajнa вpcкa

ОВЕН Се чувствувате несигурно на работа. Самодовербата е во пад и имате впечаток дека сте неуспешни. Емоциите ви проработеле и влегувае...

Ракот пocecивeн кoн пapтнepoт, Јарецот caкa дa флepтyвa

ОВЕН Сакате успех на работа. Вашите планови се прагматични, а вие сте оптимистични. Ве очекува интересно познанство кое на старт преминува...
- Advertisement -

Овен
Вашата објективност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Ќе препознавате убавина во сѐ што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Оние што работат со млади, ќе бидат во добивка. Сите други ќе ги забавуваат колегите на работа.

Бик
Можно е да ставите крај на пријателството кое се засновало на сплетки, љубомора и озборувања. Што и да правите, не се вртете зад себе. Колку повеќе ќе размислувате за минатите одлуки, толку повеќе ќе се каете за нив. Ќе имате можност да направите добар план за нова заработувачка, но и за уживање.

Близнаци
Лесно ќе се справите со пречките на патот и ништо нема да ве спречи да одите до крај, без откажување. Ја вложувате цела енергија во вашите цели. Најсреќни ќе бидете во времето поминато со најблиските. Оттурнувајте ги луѓето што ви ја трујат душата и ве полнат со огорченост. Опкружете се со добри и спокојни луѓе.

Рак
Говорот на телото ќе ви биде многу посилен од гласовниот говор. Ако сакате да му го привлечете вниманието на некој што ви се допаѓа, потребно е само да воспоставите контакт со очите. Експресиите на вашето лице денес повеќе ќе покажуваат, отколку делата што ќе ги правите.

Лав
Ден на донесување важни одлуки. Бидете концентрирани. Ќе мора да ги ставите личните потреби настрана за да му помогнете на некој близок на кого му е потребна вашата поддршка. Прифатете ја ситуацијата со смиреност и немојте да се лутите поради тоа, вашето време ви стои и ќе можете да го искористите подоцна.

Девица
Користете ја невербалната комуникација на секое поле од животот. Тоа ќе биде најдобриот начин за луѓето да ја сфатат вашата поента. На вашиот партнер дајте му го најдобриот дел од себе и ќе го добиете најдоброто за возврат. Вие сте еден од најдобрите оратори, и секогаш со внимателно одбрани реченици знаете да решите сѐ.

Вага
Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност.
Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Нека ве води интуицијата.

Скорпија
Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на краток годишен одмор, а оние кои работат, само ќе ги одработуваат задачите. Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми, па за саканата личност ќе ви остане мошне малку време. Имате многу идеи како да го продлабочите своето влијание во семејството.

Стрелец
Денот ќе биде полн со изненадувања, подеми и падови, а смислата за хумор ќе ве одржува во живот. Не се обидувајте да се справите со сите предизвици одеднаш. Не сте суперхерој. На љубовно поле ги користите максимално можностите кои ви се нудат. Зграпчете го денот и уживајте како да нема утре.

Јарец
Ќе се впуштите во лудо купување и голема е можноста да купувате со вашите чувства отколку со вашиот ум. Можно е да купите непрактични нешта само поради тоа што ги сакате. Нивната функционалност е поголем проблем. Ќе добиете идеи за подобрување на финансиската состојба. Само, внимавајте да не бидете брзоплети.

Водолија
Пред вас е ден кога треба да уживате и да се одморите од претходните хаотични денови. Многу е важно да излезете, особено со некој кој ви е битен. Можно е да сте го заборавиле во последно време. На партнерот приредете му незаборавна вечер, ќе добиете многу повеќе за возврат. Тој знае да ги цени малите нешта и внимание.

Риби
Ќе имате недоразбирања во вашата околина. Вашите намери ќе бидат погрешно толкувани, па можно е да бидете вовлечени во неочекуван конфликт. Внимателно селектирајте ги шегите и критиките со кои се служите. Читајте меѓу редови. Некои лица кажуваат повеќе со своите гестикулации и интонацијата одошто со зборови.

Latest News

Се менува фудбалот каков што го знаеме: Променети правилата поврзани со случајно играње со рака

Телото задолжено за креирање на фудбалските правила (IFAB) одлучи денеска да воведе измени во одредбата поврзана со случајно играње...

More Articles Like This