ЕПИДЕМИЈАТА НА МОРБИЛИ НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Двојно е зголемен бројот лицата на заболени од морбили!

Поврзано

МАНОЈЛОВСКИ: Пола раководството на СДСМ е инфициpaнo со кoрoнaвиpyc, а Заев зборува за избори и тера кампања

Почитувани, додека во земјите од регионот се говори за опоравување од корона кризата, или за економија, отворање на границите,...

СИСТЕМОТ ПРЕД КОЛАПС?! Во „8-ми Септември“ заразени 6 здравествени работници, 30 во самоизолација

Директорот на болницата „8-ми септември“ , Христијан Костов, со денови не се појавувал на работа, дознава Алфа. Вработени тврдат дека...

ВАЖНО: За влез и излез од државата за време на карантинот граѓаните да пријават на 192

Граѓаните што ќе остварат влез или треба да ја напуштат државата за време на 80-часовниот карантин во одредени градови...

Двојно е зголемен бројот на заболени од морбили. Од 2 февруари до денеска се регистрирани 58 новозаболени од кои 54 се од Скопје, двајца заболени се од Тетово и по еден од Гостивар и Гевгелија, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Тој посочи дека 144 деца или 71 отсто од сите деца се невакцинирани или непотполно вакцинирани. Оние деца кои се невакцинирани, појасни, се најекспонирани на заболувањето при што кај нив се очекува вирусот да навлезе и да предизвика болест.

„Втората работа што е битна е тоа што 32 отсто од овие деца се на возраст под една година и не подлежеле на вакцинација согласно вакциналниот календар. Заболените се на возраст од еден месец до 54 години. Повеќе од 60 отсто од заболените се на возраст од една до четири години. Најекспонирана група е од една до четири години. Се работи за епидемија верифицирана и потврдена во нашиот Институт“, рече Караџовски.

Нагласи дека вкупно вакцинирани во државата во периодот од почнување на епидемијата, досега, се 8.434 од кои 5.900 се во Скопје, а 2.534 во останатите градови. Според него, се очекува и натамошен развој на епидемијата, бидејќи таа се уште не го достигнала својот врв, поради тоа што само на територијата на Скопје има 50 отсто вакцинирани.

„Останатите 50 отсто се оние кои се експонирани и можат да заболат. Додека не се достигне 95 отсто ниво на колективна заштита епидемијата ќе трае. Може да се очекува епидемијата да се дистрибуира и во другите делови на државата. Вакцината е коректна, имуногена и проверена во Европа и не постои ризик од каква било реакција, истакна Караџовски и упати апел да продолжи интензивната вакцинација и родителите да ги однесат децата на вакцинирање.

Во врска со шестмесечното бебе од кумановско, заболено од морбили, кое почина изутрината на Клиниката за инфективни болести, рече дека тоа било хоспитализирано во текот на изминатиот месец во два наврата на Детското одделение во Куманово.

„ Од 1 до 5 февруари беше хоспитализирано во Детската болница во Козле. На 5 февруари е префрлено во Инфективната клиника и е егзитирано во 7 часот. На почетокот на јануари детето имало трајно воспаление на белите дробови, најпрвин како опструктивен бронхит, а потоа и како бронхопневмонија. Бронхопневмонијата е проширена на двете белодробни крила и покрај интензивното лекување и реанимација на Клиниката за инфективни болести починато денеска наутро. Друг коморбидитет немаше во однос на други заболувања, додаде Караџовски.

Актуелно

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

ФАТЕНИ ЖИВИ-СЕ ЛАЖИРААТ БРОКИТЕ НА НОВОЗАРАЗЕНИ?!: Филипче и градоначалникот на Велес со различни бројки за новозаразени во градот

Денес 4 нови случаи во Велес од корона вирусот. Ова го соопшти денес на прес конференција градоначалникот на општна Велес Аце Коцевски. Тој истакна...

СВЕШТЕНСТВОТО ПОМЕЃУ ВЕРНИЦИТЕ И ВЛАСТА: Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница

Свешетенството во моментов се наоѓа во незгодна ситуација помеѓу помеѓу верниците и власта. Гласно говори молкот на МПЦ за полицискиот час за Задушница. Светиот архијерејски...

Повеќе вести