ЕПЛ НАЈАВУВА НОВА НЕВЕРОЈАТНА УСЛУГА: Технолошкиот гигант им станува конкуренција на Нетфликс и Амазон прајм!

  • March 12, 2019

Епл во понеделникот гo најави медиумскиот настан од 25 март, навестувајќи го долго најавуваниот план за да ја презентира својата нова  стриминг услуга  со оригинално видео.

Поканата испратена до новинарите вклучуваше видео одбројување и порака „Време е за шоуто да започне“.

Настанот ќе се одржи во седиштето на Епл во Силиконската долина и се очекува да ги открие деталите од инвестиција вредна над една милијарда долари.

Производителот на Ајфон сака да понуди разновидност на пазарот и да понуди повеќе услуги откако беше забележан пад на пазарот на паметни телефони.

Некои извештаи велат дека актерките Џенифер Анистон и Рис Витерспун и режисерот „Војна на ѕвездите“ Џ. Џ. Абрамс ќе се приклучат на „Епл“ на настанот.

Исто така, се верува дека Епл работи на воведување на претплата за вести.

Во неодамнешната телефонска изјава, Кук потврди дека Епл планира да направи сопствени емисии кои би им парирале на телевизиските гиганти Нетфликс и Амазон Прајм, кои инвестираат многу во оваа сфера.

Претходно «
Следно »