ЕРГА ОМНЕС, ЕРГА ГОМНЕС: Бранко Героски со жестоки напади до Заев и неговата влада за промената на името и идентитетот

  • May 13, 2018
  • Коментари

Новинарското перо на СДСМ, Бранко Героски, денеска на својот Фејсбук профил се огласи за „ерга омнес“ решението за името. Ерга Омнес или Ерга Гомнес, прашува уредникот на весникот Слободен Печат и порталот Плусинфо.

-Замислете како ШКБ (Штабот на колосалните будали) ја разбира формулата “ерга омнес” за употреба на новото компромисно име што ќе го договорат Скопје и Атина…

Според ШКБ, новото име ќе било запишано и во учебниците. Меѓу другото… И тоа ништо битно нема да сменело.

И сега, еве замислете, го праќате своето дете или внуче прваче. Дете родено од татко Македонец и мајка Македонка. Во Република Македонија со сегашното меѓународно име БЈРМ.

Неговото училиште, на пример, се вика “Гоце Делчев”. На таблата е напишано името на училиштето, името на општината (Центар) и на градот (Скопје), како и името на државата – Република Горна Македонија.

Првачето ќе научи дека Гоце Делчев е роден во Килкиз, Грција и дека се борел за слобода на Горна Македонија. Тато (дедо), зошто тој Гоце од Грција се борел за слобода на Горна Македонија? Зошто не се борел за Грција?

Во учебникот по Општество ќе пишува: “Мојата татковина се вика Република Горна Македонија”. Тато (дедо), зошто твојата татковина се вика Македонија, а мојата Горна Македонија?

Меѓу првите песнички што ќе научи да ги пее првачето, нормално, ќе биде химната. Напишана од поетот Владо Малески од Струга, Горна Македонија. Песната ќе почнува со стиховите “Денес над Горна Македонија се раѓа ново сонце на слободата”.

Вашето прваче ќе биде вредно и паметно и на крајот на годината ќе добие свидетелство. На кое некаде ќе мора да пишува Република Горна Македонија.

Итн, итн…

Видете, драги наши колосални будали. Ако тоа е решението “ерга омнес” што ќе биде прифатено, не ви треба Ристо Никовски за да сфатите дека ова е промена на нашиот национален идентитет. Од корен! Тоа ќе ви го каже секој нормален човек.

Само, јас НЕ ВЕРУВАМ дека Заев, Владата и СДСМ ќе се согласат на такво “ерга омнес” решение. Повторувам, НЕ ВЕРУВАМ! Зашто тоа и не е ерга омнес, тоа е ерга гомнес решение!, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Претходно «
Следно »