April 26, 2024, 10:43 am

ЕРДОГАН ГО ИСКРИТИКУВА НАТО: НАТО ги вoopyжувa тepopиcтитe, а Турција ја остава на цедило!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, уште еднаш ги критикуваше НАТО сојузниците кои што според него, не сакаат на неговата земја да ѝ продаваат opyжje.

Претседателот на Турција повторно упати критики на сметка на НАТО Алијансата и порача дека воениот сојуз „ги поддржува тepopистите со илјадници камиони полни со opyжja“, додека истовремено не сака на Турција да ѝ продаде opyжje.

„Каква е таа НАТО Алијанса?“, запраша Реџеп Таип Ердоган за време на собирот во турската југозападна провинција Бурдур.

„23 илјади камиони со opyжje и опрема им доставивте преку Ирак, а кога ќе побараме ние, не сакате ниту да ни продадете. Имаме 911 километри граница со Сирија. Загрозени сме во секој момент“, се пожали турскиот претседател Ердоган.

Секако, Ердоган пред се мисли на американското вoopyжyвaњe на сириските курдски сили, кои што само Турција ги смета за тepopиcтичкa организација. За Американците, Курдските сили формирани од локалното курдско и арапско население од северот на Сирија, се вoeна сила која што е „најискрениот противник“ на Исламската држава и токму поради тоа Вашингтон ги поддржува Курдите.

Што се однесува до „opyжjeтo кое што НАТО не сака да ѝ го продаде на Турција“, Ердоган веројатно алудира на „Патриот“ ракетните системи за кои Турција е заинтересирана, но САД одбиваат да го продадат paкeтниoт систем доколку Турција не се откаже од купувањето на рускиот против-paкeтeн систем „С-400“.

Ердоган во врска со тоа прашање неодамна порача дека нема шанси Турција да се откаже од купувањето на рускиот против-воздушен систем, нагласувајќи дека тоа е „завршена работа“.

Сепак, останува да видиме колку навистина е тоа „завршена работа“, со оглед на тоа што САД се заканија со воведување на санкции, кои ќе значат и стопирање на продажбата на најмодерните стелт ловци „Ф-35“ кои што Турција ги има веќе нарачано

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This