January 17, 2021, 9:24 am

ЕРДОГАН ДО ФРАНЦИЈА: Кои сте вие да зборувате за медијација меѓу Турција и терористи?

Поврзано

Германците го избpaa нacлeдникoт: Еве кoj ќe ja зaмeни Меркел нa чeлo нa ЦДУ

Германските демохристијани го избраа наследникот на германската канцеларка Ангела Меркел. Армин Лашет беше избран за нов претседател на Христијанско-демократската унија...

Данска нajycпeшнa вo ЕУ вo вakциниpaњeтo нa нaceлeниeтo

Данска е предводник во вакцинацијата против коронавирус благодарение на нивната брза и непречена дистрибуција, а доколку биле достапни повеќе...

Се биpa нacлeдникoт нa Меркел: Eвe кoи ce вo тpкaтa

Пандемијата со коронавирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела...
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази жалење за „целосно погрешниот“ пристап на Париз, кој предложи посредување меѓу Анкара и арапско-курдските сили во северна Сирија.

Би сакал да истакнам дека ми е многу жал поради целосно погрешниот пристап на Франција за ова прашање“, рече Ердоган во Анкара.

Париз вчера повика на дијалог помеѓу Турција и Сириските демократски сили. Тие сили се предводени од курдската милиција која е на црната листа на Анкара.

„Кои сте вие да зборувате за медијација меѓу Турција и терористичка организација“, праша Ердоган денес.

Турција денеска го отфрли предлогот на Франција, еден ден откако претставниците на Сириските демократски сили во Париз беа примени од францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон вети поддршка на Сириските демократските сили (СДФ), чии членови ги прими во Париз на разговори за конфликтот на северот на Сирија.

Макрон на вчерашната средба ја пофали оваа група, составена од курдски и арапски борци, велејќи дека таа храбро се бори против Исламската држава, објави денес Елисејската палата.

Францускиот лидер, исто така, побара на цивилите во Африн да им се овозможи непречен пристап до хуманитарна помош.

Турската војска и нејзините сојузници од сириската опозиција минатата недела објавија дека имаат „целосна контрола“ над Африн.

Макрон изрази надеж дека СДФ и Турција ќе успеат да воспостават дијалог со француска помош.

Latest News

На Попова Шапка утрово измерени -16 степени

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се...

More Articles Like This