December 9, 2021, 9:09 am

Ердоган избрка 10 амбасадори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го спроведе она што го најави пред неколку дена – му нареди на Министерството за надворешни работи да ги прогласи амбасадорите на 10 земји за персона нон грата, вклучително и на САД, бидејќи повикаа на ослободување на активистот за човекови права Осман Кавала.

На црната листа се наоѓаат амбасадорите на: Канада, Франција, Финска, Данска, Германија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и САД. Претходно тие ги повикаа турските власти да го ослободат Кавала, а тамошното МНР прво ги предупреди дека се должни да ја почитуваат Виенската конвенција за дипломатски односи.

„Дадов наредба до министерот за надворешни работи веднаш да примени мерки, по што тие 10 амбасадори ќе бидат прогласени за непожелни лица“, рече турскиот претседател.

Осман Кавала е познат турски активист за човекови права, основач на културната фондација „Anadolu Kültür AŞ“, која поддржува, меѓу другото, проекти за етничките и верските малцинства. Во февруари 2020 година, турскиот суд го ослободи Кавала од обвиненијата за вмешаност во обид за соборување на владата за време на протестите во истанбулскиот парк Гези во 2013 година, но истиот ден, обвинителството во Истанбул издаде нова потерница. Против Кавала се покренати нови обвиненија, овој пат за учество во обидот за државен удар во Турција во јули 2016 година.

Latest News

Народна банка демантиpa: Курсот на денарот е стабилен

Погрешни се информациите дека е покачен курсот на еврото, реагираа од Народна банка по објавите кај дел од медиумите,...

More Articles Like This