ЕРДОГАН НАЈАВИ ПОГОЛЕМА ОФАНЗИВА ВО СИРИЈА: Наскоро тргнуваме!

  • February 3, 2018
  • Коментари

Турската војска и одредите на „Сириската слободна армија“ во блиска иднина ќе ја превземат офанзивата на градот Африн на северот на Сирија, рече претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган на митинг во градот Битлис

„Нашите војници чекор по чекор ги чистат планините околу Африн од терористи. Војската се движи кон Африн, остана уште малку“, рече Ердоган, пренесува „Анадолија“.

Операцијата „Маслинова гранка“ против курдските формации во сириската област кај Африн започна на 20.јануари. Турските сојузници во таа акција се припадниците на опозициската „Сириска слободна армија“.

Претходно «
Следно »