ЕРДОГАН СО ОСУДА ЗА ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКИОТ СТАВ НА ЗАПАДОТ: Запраша како се менува некој кој што е избран на функција преку избори?

  • February 5, 2019

Според претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, обидите на Западот да го симнат од власт претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, никако не можат да бидат демократија и владеење на законите.

Ердоган истакна дека Западот продолжува со спроведување на противзаконските одлуки кои што имаат за цел да го срушат од власт претседателот на Венецуела.

„Дали Венецуела е ваша земја? Како менувате некој кој што е избран на функција преку избори? Како му давате претседателски овластувања на некој кој што не е ниту избран? Дали знаете што е демократија?“, запраша турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Прашањата, очигледно беа упатени до западните земји кои што го признаа самопрогласениот, привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо.

„Турција не прифаќа свет во кој што моќта е во право. Ние сме против ваквиот империјалистички став“, порача Ердоган.

Ердоган претходно изјави дека „неговиот пријател во Каракас“ се соочува со „чин на саботажа која што ја спроведуваат економските убијци“ и вети дека ќе ги зајакне трговските врски помеѓу Турција и Венецуела.

Претходно «
Следно »