September 18, 2021, 7:32 am

Ердоган: Шумcкитe пoжapи вo Турција ce нajтeшкитe вo иcтopиjaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, кога пожарот во област во југозападниот дел на земјата се прошири на термоелектрана.

– Пожарите што се случија оваа година никогаш не се случиле во нашата историја. Ова се досега најголемите пожари, рече Ердоган во телевизиско интервју.

Поради високите температури и силните ветрови, пожарите принудија илјадници Турци и странски туристи да ги напуштат своите домови и хотели на брегот на Егејското Море и Медитеранот. Осум лица го загубија животот во пожарите од минатата недела.

Авиони и десетици хеликоптери им се придружија на пожарникарите кои се борат со огнот на терен, но владата на Ердоган се соочи со критики за брзината на одговорот.

Повеќе од една недела откако избија првите пожари, 16 од нив се уште горат, рече министерот за шумарство.

„Во последните две недели, во пожарите во Турција изгоре трипати поголема површина од она што се уништува од пожар во просек секоја година“, соопшти Европската противпожарна агенција.

– Пожарот се прошири на термоцентралата, рече Мухамер Токат, градоначалник на Милас, додавајќи дека термоелектраната е евакуирана.

Претходно, екологистите изјавија дека се загрижени за можното ширење на пожарот во складиштето за јаглен во термоцентралата.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Денеска се празнува Св. пророк Захариј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 септември. Денеска е Св. пророк Захариј. Свети пророк Захариј е таткото на...

More Articles Like This