September 22, 2020, 3:29 pm

Ердоган ја „затвори славината“ и ocyди на жед милиони луѓе што живеат по течението на Еуфрат

Поврзано

И ова го има: Изгyби на избори, а бил единствен кандидат

Во Италија во малата општина Лезина со 6.000 жители на изборите имало само еден кандидат и тоа на партијата...

СЗО: Бpojот на нoвoзapaзeни со Koвид-19 зa eднa нeдeлa ce згoлeми зa peчиcи двa милиoнa

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во светот во периодот од 14 до 20 септември забележа раст од речиси два...

Бapaа eднo, нajдоa дpyгo: Руски и американски нayчници oткpиja cyпcтaнцa штo нaмecтo за Koвид-19, би била eфикaceн лek за kaнцep

Руските научници, во активното трагање по соединение во борбата против коронавирусот, открија супстанца што потенцијално би можела да биде...
- Advertisement -

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се влива во Персискиот залив. Шеесет милиони луѓе зависат од Еуфрат, па реката често била предмет на судири.

Граѓанска војна, коронавирус, колапс на стопанството, глад – луѓето во Сирија страдаат, а набљудувачите велат дека им се заканува уште еден проблем: недостиг на вода. Виновник за ова последното е Турција.

Веќе неколку недели нивото на водата во Еуфрат е значително понизок од обично, соопшти Ширван Шадо, технички директор на браната „Тишрин“.

– Со меѓународен договор за реката Еуфрат е пропишано дека треба да добиваме 500 кубни метри вода во секунда, а моментално добиваме помалку од 200 кубни метри, вели тој.

Браната Тишрин е втора по големина во Сирија. Милиони луѓе користат електрична енергија произведена таму, обично околу 800 мегавати, а во моментов, според последните извештаи, добиваат само една четвртина од тоа количество. За многумина, реката Еуфрат е главниот извор на вода, која се користи за наводнување на „сириските житници“ на североистокот на земјата, каде што повеќето луѓе живеат од земјоделство и риболов.

Сега меѓутоа, на многумина им се заканува глас. Според зборовите на локален рибар, денеска нема што да се лови.

– Рекорден улов оваа година ми беше само 4 килограми риба, а минатата година 15, вели тој.

Нивното на водата во Еуфрат и Тигар никогаш побрзо не опаѓало, предупреди во јули Меѓународната организација за миграции. Топлотниот бран на Блискиот исток, со температури над 50 степени Целзиусови не може да го објасни непрекинато ниското ниво на водата во Еуфрат, пишува „Шпигел“.

Повеќе од 60 милиони луѓе зависат од Еуфрат

Причина за сегашниот недостиг на вода лежи во Турција, каде што извираат реките. Турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган во рамки на проектот за југоисточна Анадолија подигна многу нови брани (и на Тигар исто така), поради кои во долните текови завладеа недостиг.

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се влива во Персискиот залив. Шеесет милиони луѓе зависат од Еуфрат, па реката често била предмет на судири.

Во 1987 година меѓу Турција и Сирија е постигнат договор со кој се решени две најважни прашања: Анкара му вети на тогашниот претседател на Сирија Хафиз ал Асад дека Сирија од Еуфрат ќе добива 500 кубни метри вода во секунда, а Асад и вети на Турција дека ќе престане да ја помага Работничката партија на Курдистан (ПКК), најголемиот непријател на Анкара.

Турската влада очигледно сака да ја искористи политичката криза во Сирија и Ирак за да ги изгради што побрзо одамна планираните брани на Еуфрат и Тигар, од кои најновата брана е Илису.

Она што паѓа в очи е што во Сирија се најзагрозените автономните области на сириските Курди во кои големо влијание има ПКК, против која Ердоган се бори во Сирија и Ирак. Сето ова наведува на заклучок дека Турција за користи водата како инструмент за војна, посебно со оглед на тоа дека тоа го правеше и порано.

Од октомври 2019 година Турската војска ја контролира пумпната станица Алук, која ја снабдува и провинцијата Хасака, под контрола на Курдите. Оваа година веќе неколку пати им ја запреа водата. Од пумпната станица зависат околу 460.000 луѓе, меѓу нив и илјадници бегалци.

Latest News

Пронaјден мpтoв маж во стан со Скопје, тeлото пpeдадено на oбдykција

На 21.09.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пpијавено дека во стан на ул.„Виа Игнатија“ во Скопје бил...

„Протекоа“ доcиејата на Хашим Тачи и Кадри Весељи од Специјалниот cуд во Хаг

Организацијата на ветерани на ОВК објави дека и денес некој доставил нови досиеја за кои претпоставуваат дека се од Специјалниот cуд, а потпретседателот на...

Мизо: Од политиките на власта ќе зависи дали ќе имаме прилив или одлив на инвестиции

Автомобилската индустрија е една од најпогодените индустрии на глобално ниво од глобалната пандемија на Ковид-19. Постоечките околности со промената на технологиите на погонските системи...

Концептот “Едно општество за сите“ го прогласија за умpeно

Јавноста со денови е скандализирана од изјавите на високи владини и партиски функционери на власта дека ќе се субвенционираат вработувања по етнички клуч во...

Вархеји: Периодот што следи е клучен за европската иднина на Македонија

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која...

More Articles Like This