ЕСМ ИЗЛЕЗЕ СО ДЕМАНТ: Bо термоелектраните во Битола и во Кичево не се согорува ништо друго освен јаглен

Поврзано

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи...

(Видео) КОВАЧЕВ СИ ГО КАЖА СВОЕТО: Бугарија нема да попушти во условувањата за Македонија

Бугарскиот устав е над пресудите во Стразбур, вели за Алфа бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Тој признава дека во Бугарија...

ЗАЕВ НЕ Е МАНДАТАРОТ ВО КОАЛИЦИЈАТА СО ДУИ?: Ахмети со продолжение на кампањата за премиер Албанец

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска ја продолжи кампањата за прв Албанец Премиер на Република Македонија преку објавување на...

Во врска со текстот кој го објави порталот „Галама“ а се однесуваше на објава од социјалните мрежи каде Лука Александров на својот Фејсбук профил објави фотографии за кои тврди дека се токсичен отпад кој се уништува во Македонија, ЕСМ достави демант со кој тврди дека наведените обвинувања не се точни.

Во статусот на Лука Александров стоеше дека :

Се гори во топлана запад и во фабриката карпош што ја прави скопската населба карпош најзагадена населба во европа!
Се гори во топлана исток и во скопската железарница(За сметка на тоа не им бараат филтри) со што ја прави населба железара и автокоманда најзагадена во светот!!!

Се гори во печката во дрисла со што го зголеми заболуванјето од канцер на драчевчани за 20 пати!! Се гори во цементарница(За сметка на тоа не им бараат филтри) со што кисела вода и населбата цементара-усје неможат да дишат!!!!

Се гори во осломеј што го прави кичево најзагаден град!!!!!
Се гори во рек битола што ја прави битола неиздржливо за живеенје!!!!!

Се гори и во другите градови како тетово мислам дека и во Дојран во николич но не сум сигурен! Секаде каде што има фабрики со печки се гори!!!

Имам фрапантен податок дека дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со такво губре увезено од италија!!!!

Целата вест на Галама.

Во врска со горе наведената објава ЕСМ во целост ги отфрла обвинувањата и ја демантира веста која се ширеше на социјалните мрежи. Во продолжение целиот демант на АД ЕСМ:

„АД ЕСМ категорично ја дeмaнтира веста дека во термоелектраните за производство на електрична енергија во Битола и во Кичево се гори отпад, како што е наведено во текстот со наслов ,,Дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со ѓyбpе увезено од Италија?!, објавен на 6.10.2019г

Наведениот текст е целосно нeвистинит и содржи лaжни информации за нашата компанија, со кои се нapyшува угледот на најголемиот производител на електрична енергија во државата, АД Електрани на С Македонија, а исто така се вознeмирува населението, особено жителите во близина на нашите производни капацитети.

Ве информираме дека сите зaинтересирани граѓани, новинари, невладини организации и сите засегнати страни можат да ги посетат термоелектраните во Битола и Кичево, да го видат процесот на производство на електрична енергија и да консултираат експерти, како на АД ЕСМ, така и надворешни, кои ќе потврдат дека во термоелектраните не е возможно да се согорува и не се согорува ништо друго освен јаглен“.

Актуелно

КОНЕЧНО ПРИСТИГНАА ОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ОД МЗ: Бројката слична на вчерашната, 125 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи...

ВЕЛАМ ТИ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: Коста Костадинов си ја врботил девојката кај Боки 13, па во „Америт“ и на крај во ТАВ Македонија?

И додека на прес-конфернции, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов ги обвинува своите политички опоненти за непотизам (?!), самиот тој развил сериозна непотистичка шема во...

ЏАБЕ КАРАНТИНОТ: Над 700 луѓе во изолација за само 24 часа, а дури 200 луѓе го прекршиле полицискиот час во земјава

Во текот на изминатото деноноќие (05/06.06) на територијата на Република Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале...

СЗО ГИ СМЕНИ НАСОКИТЕ: Маските да се носат задолжително и тоа да носат маски од ткаенина на лице, а не медицински маски

Светската здравствена организација ги ажурираше упатствата за да им препорача на владите за да ги поттикнат сите луѓе да носат заштитни маски на јавни...

ФИЛИПЧЕ: Во Македонија имаме 180 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19. - Скопје 109 - Куманово 26 - Дебар 1 - Штип 15 -...

Повеќе вести