October 25, 2021, 9:18 am

Еуроспорт за Пандев и Барди: Играчи на коишто треба да се внимава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во пресрет на почетокот на Европското првенство во фудбал, на кое за прв пат на теренот ќе заигра и македонската рапрезентација, „Еуроспорт“ објави листа на „најопасни“ фудбалери на кои треба да се внимава. На листата се најдоа и двајцата македонски репрезенатативци, Енис Барди и Горан Пандев

„Барди е вистински техничар (ниту еден фудбалер освен Лео Меси не постигнал повеќе голови од него од слободен удар во Ла Лига во последните години), а постои влечаток дека се уште го немаме видено најдоброто од Енис, кој би можел да „царува“ на оваа забава“, пишува „Еуроспорт“ за македонскиот репрезентативец.

Листата не може да биде комплетна без, како што анализира „Еуроспорт“, еден од највозрасните фудбалери на турнирот, македонскиот капитен Горан Пандев.

„Ја завршуваме оваа анализа со четвртиот највозрасен фудбалер на турнирот. Може да се изненадите што Пандев е уште игра на 37-годишна возраст, но тој не само што игра, туку е и клучен фудбалер на македонската репрезентација. Ако ги следевте последните квалификацски средби секако дека видовте како Пандев ја предводеше Македонија до шокантен триумф над Германија, вистински доказ за талентот на Македонците. Брзината можеби од поодамна не му е главен адут, но работи исклучително напорно на теренот, а левицата сѐ уште му е многу опасно оружје. Вообичаено игра како еден од напаѓачите при 3-1-4-2 или при 5-3-2, овозможувајќи им на Барди и на Елиф Елмас да влез во противничкиот шеснаесетник“, се вели во анализата за Гранде Пандев.

Покрај Барди и Пандев, на листата се наоѓаат уште и Бурак Јилмаз (Турција), украинскиот тинејџер Илија Забарни, Итан Ампаду од Велс, Русинот Александар Головин, Јонас Винд (Данска), Озан Туфан (Турција) и Каспер Козловски (Полска).

Latest News

Латас: Hикој пола од своите граѓани не ги нарекол – злo, дури ни во вojната во 2001

За Заев сите што не гласаат за Шилегов се зло. Тежок збор, особено од политичар кој и плата и...

More Articles Like This