ЕУ ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ЛЕТОВИ: Ама за Грција која исто така субвенционира, нема проблем, може таму!

  • June 3, 2016

Европската комисија нема отворено истрага за грчкото владино субвенционирање евтини летови од аеродромите во Грција и покрај тоа што компанијата „Рајанер“ која спроведува такви летови е доминантна со своите услuги на аеродромите во Солун и Атина.

Avion_wizair_skopje

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел Бобан Нонковиќ, портпаролот на Еврокомисијата, Јакуб Адамовиц, денеска уште еднаш ја потврди истрагата што Брисел ја спроведува за владиното субвенционирање на афтини елтови од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, но тоа не го прави во Грција каде по пропаѓањето на националната авио-компанија „Олимпик Ервејс“, огромно мнозинство од летовите ги прави компанијата за ефтини летови „Рајанер“.

– Оваа истрага што сега ја спроведуваме со властите на БЈР Македонија за аеродромот во Скопје и во моментов се одвива и има краен рок. Сега ја анализираме ситуацијата на терен. Ова не е поврзано со други земји, истакна портпаролот на ЕК, Адамовиц.

Како што високи извори од ЕК што инсистираат на анонимност потврдуваат за МИА, истрагата за Македонија е покрената за дисторзија на конкуренцијата што може да се покрене меѓу скопскиот аеродром и другите аеродроми во областа и авио-компании што летаат во овие аеродроми и во овој контекст Брисел за Македонија тоа го прави во духот на 864/2004 регулацијата од Заедничката европска авијациска област за заштита на авио-компании против субсидијарност во однос на трети, не-ЕУ земји. Таа, наводно е покрената по жалба на австрискиот авио-превозник „Аустриан Ерлајнс“, додека во случајот со идентичната ситуација во Грција, за нив засега никој не се пожалил и затоа нема истрага.

Претходно «
Следно »