October 24, 2021, 3:51 am

ЕУ ќe ги cмиpyвa Србија и Косово – Вучиќ и Курти ќe ce cpeтнaт вo Бриceл?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји оцени дека е императив во односите меѓу Србија и Косово да се покаже воздржаност и да се намалат тензиите, враќање на дијалогот и обезбедување слобода на движењето без одлагање, јави дописникот на МИА од Белград.

„Едностраните акции никогаш не се решение. Тие водат само до непотребни тензии и мора да бидат повлечени“, напиша Вархеји на Твитер.

Како што објави РТС, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак имаат телефонски контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, со цел итно ублажување на тензиите во северно Косово и евентуално одржување состанок меѓу Вучиќ и Курти во Брисел.

– Специјалниот претставник на ЕУ Мирослав Лајчак се врати од Белград во Брисел и сите наши напори се насочени кон намалување на тензиите и враќање на дијалогот – изјавија за Танјуг дипломатски извори во Брисел, соопшти РТС.

Во ЕУ забележуваат дека се подготвени да посредуваат во дијалогот меѓу двајцата лидери што би се одржал во Брисел, чија главна тема ќе биде решавање на моменталната ситуација во Косово.

Според српските медиуми, кога станува збор за имплементација на Бриселскиот договор, кругови блиски до шефот на дипломатијата на ЕУ нагласуваат дека сите договори постигнати досега во дијалогот меѓу Белград и Приштина се „на маса“ и дека „никој не ги повлекол“.

ЕУ, амбасадорите на Квинта и САД се целосно обединети во нивната порака дека е во интерес и на Белград и на Приштина да се смири ситуацијата на терен, и дека во спротивно двете страни се во загубa.

Latest News

Обама до Меркел: „Целиот свет ви должи голема благодарност“

Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во чест на германската канцеларка во заминување Ангела...

More Articles Like This