November 28, 2020, 2:57 am

Ефектот од економските мерки на СДСМ не доведе во дупка од над милијарда евра само оваа година

Поврзано

Протести – Македонскиот народ не може да биде предмет на разговори и договори

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Охрид и во уште шест градови низ земјата одржа надпартиски протест со моторни возила организирани...

Маричиќ потврди дека разговараат за „многу прашања“ со Бугарија

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ изјави дека целосно стои позади премиерот Заев и неговите искрени намери во отворање на...

Саша Богдановиќ фaти cтpaнa, ги прифаќа kpитиките и cyгестии на Црвенковски

За писмото на поранешниот претседател на државата, но и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски и неговиот повик партијата да...
- Advertisement -

„Да успеваа економските мерки кои ги носи и спроведува оваа Влада на СДСМ, граѓаните ќе живееја подобро, ама затоа ефектот од нивните политики не доведе во дупка од над милијарда евра само оваа година“ велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Од таму велат дека „Економската година на растот“ која ја ветуваше Заев ниту дојде, ниту пак овој ребаланс има изгледи дека ќе обезбеди економска сигурност. Се бројат само непродуктивните трошења на сметка на некакви економски бројни пакети од кои ефектот се само компании и граѓани доведени до питачки стап.

„Дека СДСМ и нивната Влада се неспособни во водење на економија зборува дефицитот во Буџетот кој сега со овој ребаланс ќе се зголеми за рекордни 8,4%, највисок од 1994 година.

Додека европските земји работат на зголемување на буџетите за здравство во ек на пандемија, Владата не смета дека тоа е приоритет, па СДСМ ги остави здравствените работници без никаква награда за нивниот ценет труд. Додека регионот брза во спроведување на капитални проекти и инвестиции за да го забрза растот, Владата на СДСМ дополнително ќе се задолжува затоа што не пресметала дека буџетските приходи ќе бидат паднати за повеќе од 12% .

Со едномесечните паушали, картички и викенди за ДДВ кои се најнеуспешните политики на оваа Влада, добри само за поткуп на гласачи, СДСМ ќе ја укочи државата и ќе доживееме невидено фијаско.

СДСМ со овој ребаланс не стимулира капитални инвестиции, мерките нема да стимулираат економски раст и тоа ќе резултира со зголемување на сиромаштијата, продлабочување на неефективното трошење народни пари, рецесијата ќе се зголемува, а со тоа Заев ќе ја направи Македонија да биде се повеќе сиромашна и банкротирана држава.

Јасно е дека проекциите на Владата со ребалансот се нереални, СДСМ нема слух за ефикасни мерки и ќе продолжи со својата неспособност да ги докусури сиромашните граѓаните.“ стои во партиското соопштение

Latest News

Тасевски до Захариева: Вашето минато нема да го зaборават синовите и внуците на оние отceчени глави со кои сте се сликале како администратори

Актерот Сашо Тасевски ја потсети минитерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева за злостортвата што ги правеле „администраторите“...

Дишеме отpoв: Енормно зaгадување во неколку градови во Македонија

Во главниот град и вечерва не се дише поради енормното аерозагадување. Мерната станица во Ново Лисиче повторно покажува највисоки вредности, дури 435 ПМ 10...

Доктор од Охрид пoчинa од ковид-19

Во шеесеттата година од животот, по кратко боледување како последица на Ковид 19, денеска во Скопје, почина познатиот доктор-специјалист, ортопедски хирург и сестран уметник,...

Лекари kpaделе оpгани од мpтви пациенти во Кина

Шест лица, од кои повеќето лекари, се уапсени во Кина поради кражба на органи на починати пациенти, јавија локалните медиуми. Криминалната група ги лажела семејствата...

Владата дeмaнтиpa дека Заев се договорил со Бугарија

Владата на Северна Македонија остро реагира на текстот објавен на вашиот портал со наслов "Зоран Заев ги прифатил сите барања на Бугарија, следува потпишување...

More Articles Like This