ЕЧЕШЕ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА ПРЕД СОБРАНИЕ

  • February 27, 2017

Македонската химна ечеше пред Собранието испеана од грлата на околу 15 илјади Македонци на маршот организиран од Граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.

etsea

Голем број јавни личности дадоа поддршка на Маршот кој започна од пред Владата на Републка Македонија, продолжи кон канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов и заврши пред Собранието на РМ.

Во прогласот, се бара ниту една политичка партија да не прифаќа платформи создадени за туѓи интереси, во туѓи држави, без изборен легитимитет чија цел е разнебитување на Македонија каква што ја знаеме. Уставот на Република Македонија, како што стои во Прогласот, е јасен и прецизен во однос на многу прашања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и од него не се остапува.

– Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме четвртиот Илинден, рече Дурловски.

Од Здружението најавија дека протестот ќе продолжи и утре.

Претходно «
Следно »