Жан-Клод Ван Дам се забавуваше со српската фолк ѕвезда

  • September 13, 2018

Српската фолк ѕвезда Драгана Мирковиќ на своите следбеници на Инстаграм и се пофали со фотографии од Жан-Клод Ван Дам.

Актерот неколку дена поминал во Виена, каде што живее Драгана со нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ.

Колку го воодушевил проводот со Драгана, Ван Дам го опиша и во видеото со кое бомбастично ја најави пеачката.

„Таа е голема ѕвезда на Балканот“, рече тој, а потоа ја замоли Драгана да ги поздрави неговите фанови на српски јазик.

„Овде се најдобрите, Жан-Клод и друштвото, многу ве сакаме и љубиме“, весело рече Драгана, која и самата се пофали пред нејзините фанови за дружбата со холивудската легенда.

Дознајте и која наша манекенката заврши во џакузи со Жан Клод ван Дам:

Светски познатата телевизија „Фешн Тв“ во Кемер, Турција деновиве го организира нивниот престижен избор за убавина, на кој учество зема и нашата манекенка Кристина Поптрпева од модното студио „Црнорак“.

Таа веќе неколку дена е на овој избор, а како специјален гостин и член на жирикомисијата во финалната вечер е светски познатиот актер Жан Клод ван Дам.

Кристина на својот профил на Инстаграм објави и фотографија на која позира со неколку претставнички од другите земји и популарниот актер.

 

Претходно «
Следно »