ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО АНГЛИЈА:Организирале забава за сите оние што немале основни средства,како и за оние што се осамени за Божиќ!

  • December 26, 2018

Железничката станица во Бирмингем, Англија го стопираше сообраќајот за да ги угости бездомниците во пресрет на Божиќ. Повеќе од 200 лица имале можност да јадат оброк со три сервирања.

На забавата која е организирана на станицата се појавиле диџеи, пејачи и Дедо Мраз, а целта за собирањето беше да им се помогне на оние кои немаат семејства и основи средства како и желбата сите да се почувствуваат помалку осамени за Божиќ.

Организаторот на настанот, Радхир Син изјави дека неговата главна цел беше да им се помогне на луѓето кои се чувствуваат осамено со оглед на тоа дека не се заедно со своите семејства и дека се надева дека следната година стапката на самоубиства ќе биде помала, бидејќи луѓето ќе се зближат.
Луиз Гал е една од бездомниците која имала можност да јаде на станицата и рекла дека ѝ се допадна тоа што имала каде да ја помине вечерта и дека им е исклучително благодарна на организаторите за овој потег.

“Живеам на улица и доколку не беа тие, јас не би јадела за Божиќ. Би просела за ситно на улица, но тоа не би било доволно за да јадам”, рекла Луиз.


Извор:tocka.com.mk

Претходно «
Следно »