ЖЕНА НАПАДНАЛА ДЕВОЈЧИЊА: Малолетни девојчиња се здобиле со повреди, откако жена (36) ги нападнала

  • April 28, 2018
  • Коментари

Во текот на вчерашниот ден во 16:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, Д.Ј.(36) го нарушила јавниот ред и мир со физички напад над две малолетни девојчиња.

На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Претходно «
Следно »