ЖЕНА НАПРАВИ БЕСПЛАТНА МИНИ-БИБЛИОТЕКА ОД ДРВО СТАРО 110 ГОДИНИ!

  • January 10, 2019

Токму кога мислиме дека ништо не може да ни ја врати вербата во човештвото кое полека, но сигурно функционира како огромен робот без чувства, се појави една жена со генијална идеја.
Наместо целосно да го отстранат дрвото старо 110 години (кое секако морало да биде исечено) било одлучено само да го пренаменат во мини библиотека.

Минијатурната библиотека е за целото маало и е комплетно бесплатна, па секој може да остави или да земе книга.

Во изработката помогнала и непрофитабилната организација Little Free Library која се труди љубовта кон книгите да ја прошири низ целиот свет.




Извор:crnobelo.mk

Претходно «
Следно »