ЖЕРНОВСКИ ЛИЖЕ КАДЕ ШТО ПЛУКАЛ: Пред две години го клеветеше Самсоненко, денес од Келн се улижува!

  • June 3, 2017
  • Коментари

Човекот кој сакаше да ја запре изградбата на младинската академија на ФК „Вардар“, истиот оној кој ја лажеше јавноста дека северната трибина на арената „Филип Втори“ ќе се урнела, и истиот оној безрбетник кој фрлаше со дрва и камења по сопственикот на РК „Вардар“ Сергеј Самсоненко, денес се пофали дека бил во Келн на полуфиналето во кое Вардар ја совлада Барселона

Пред две години, мрзоволниот Жерновски со евтина политичка пропаганда се обиде да фрли црна дамка врз работата на „Вардар“ и Самсоненко, критикувајќи ја инвестицијата во младинската академија во која инвестираше спортскиот клуб „Вардар“.

Според Жерновски, Самсоненко бил криминалец кој ја купил парцелата за ниска цена, иако никој на посочениот тендер на кој се продавала парцелата на која денес се наоѓа младинската академија не понудил повисока цена.

Тогаш, од „Сиз Балкан“ компанијата која ја купи парцелата, му понудија на Жерновски да најде некој кој ќе понуди повисока цена за просторот кај Арената Филип Втори, тие ќе му го дадат проектот за градба бесплатно.

Секако, Жерновски не одговори, бидејќи се работеше за евтина пропаганда.

Денес, истиот тој безрбетник, бесрамно се улижува кај Самсоненко, славејќи ја победата и давајќи признание на раководството на клубот.

 

Претходно «
Следно »