Жестока атносфера во грчкиот парламент: Барбарусис ја бара главата на предавникот Ципрас, пратеник говореше македонски

  • June 15, 2018
  • Коментари

Жесток старт на расправата во грчкиот парламент за гласање недоверба на владата предводена од Ципрас. Константинос Барбарусис од Златна зора го прогласи Ципрас за предавник поради склучениот договор за името со премиерот Заев и побара армијата да го уапси.

– Го повикувам военото водство на оваа земја да ја почитува својата заклетва. Армијата треба веднаш да го уапси Алексис Ципрас, министерот за одбрана Каменос и претседателот Прокопис Павлопулос за да го спречи ова предавство. Овој договор е предавство, изјавил Константинос Барбарусис пратеник од Златна зора.

Тој исто така порача дека ќе ги бара главите на грчкиот државен врв пред да го потпишат според него предавничкиот договор во Преспа. Јавниот обинител од Атина побара налог за негово апсење, а Златна зора потоа се огради од него.

Поддршка, пак даде пратеникот Јоргос Урзидис од Сириза со потекло од северна Грција кој дури проговори и на македонски, а потоа пораката за пријателство ја преведе на грчки. Тој го бранеше договорот со премиерот Заев.

Кон жестоките критики се надоврза и комунистичката партија на Грција. Лидерот Димитрис Куцумбас порача дека на политичката дрскост на Ципрас и нема крај. Според него незамисливо е да се прифати постоење на македонска нација и македонски народ и затоа нема да го одобри договорот за Северна Македонија.

 

(извор – Телма)

Претходно «
Следно »