ЖЕСТОКИ РАСПРАВИИ И ПОДЕЛБИ ВО СДСМ: Ја жртвуваме Македонија за да формираме Влада, што ќе ни е Влада ако ја изгубиме државата ? Ние пред се сме Македонци па се друго потоа

  • March 2, 2017

Последните политички случувања евидентно ги разбудија духовите во Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Извори од партијата брифираат дека од една страна се издвојува група на луѓе, цврсти поддржувачи и блиски на Зоран Заев кои на големо се подготвуваат за позиции и завземање на фотељите во евентуалната нова Влада, а од друга страна е се поизразениот револт на обичното членство од подредената улога на СДСМ кон албанските партии и поддршката на тиранската платформа, пишува порталот Журнал.нет.

zaev-rada-grcijaa

-Уште за време на изборите имаше тивко несогласување меѓу членството за дел од ветувањата на Заев кон албанците, ама тогаш ние мислевме дека тоа не е сериозна работа, всушност така и ни беше пренесено, дека тоа е само за кампања и да се приберат повеќе гласови од албанците и дека тоа не е толку сериозно. Ама изборите поминаа, а темата со албанците испадна далеку посериозна од она што ни беше презентирано за време на изборите. Тоа не е во ред. Ја жртвуваме Македонија за да формираме Влада, што ќе ни е Влада ако ја изгубиме државата ? Ние пред се сме Македонци па се друго потоа. Кај ќе ни оди и партијата ако се редефинира државата, истакнуваат анонимни членови на СДСМ од Карпош.

Очигледно дека последните политички превирања започнаа да се прекршуваат врз националните чувства на членовите на СДСМ, пред се оние кои не се засегнати од трката по позиции и кои искрено и чесно од секогаш ја сакале и поддржувале СДСМ.

„Ние не живееме на Марс, секојдневно комуницираме со нашите соседи, пријатели, колеги и гледаме што се случува. Кога ќе фатиме муабет за политика едноставно немаме аргументи. Не напаѓаат и оние кои до вчера гласале за нас. Дури и по домовите владее нервоза. Еден наш член се карал со синот зошто сакал да оди на протести, дојде време кога ни на сопствените деца неможеш да им објасниш. Тешко се објаснуваат некои работи, една работа е да го срушиме ВМРО, но отстапките кон албанците личат дека СДСМ сака да ја сруши Македонија само да дојде на власт и тука секојдневно губиме меѓу обичниот народ. Се почесто слушаме луѓе кои не напаѓаат дека ние сме им збореле да гласаат за СДСМ за изборите и не прашуваат што е ова што сега се случува. Дел од нив веќе ни кажаа дека се приклучиле или ќе се приклучат на протестите. Си ја сечеме базата која гласаше за нас, раководството мора да се размисли што прави“.

Членовите на СДСМ истакнуваат дека незадоволството е големо, но дека не сакаат да истапуваат јавно за да не наидат на осуда кај своите сопартијци и да не испадне дека и вртат грб на партијата. Сепак се надеваат дека раководството ја чувствува нервозата и дека ќе превземе чекори кон редефинирање на договорите со Албанците и зачувување на основните белези на државата.

Претходно «
Следно »