January 28, 2021, 4:18 am

Живеел само на леб и вода: Денес го празнуваме Свети Јаков, брат Господов

Поврзано

Денеска е CB. maченица Taтјана

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јануари. Денеска е Св. маченица Татјана. Света Татјана потекнувала од видно римско...

Денеска е Пpeподобен Теодосиј Велики

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 јануари Денеска е Преподобен Теодосиј Велики. Свети Теодосиј е кападокиец. Роден е...

Koлку дoлгo ce чyвa cвeтaтa вoдa?: Eвe штo тpeбa дa нaпpaвитe co нea пocлe Boдици

За време на вчерашниот ден верниците од црква земаат осветена вода, но дали знаете што треба да направите со...
- Advertisement -

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица.

Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан.

Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. И бил девственик до крајот на животот. Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли. По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15).

Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква. По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ? се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата. Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но с ? уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This