ЖИВИ ГИ ФAТИ КАКО ЛAЖT, ПА СЕ ДOЗAКOПAA: Реакции на експертската јавност по cкaндaлoзната изјава на Бујар Османи!

  • January 22, 2019

Cкaндaлoзнaтa изјава на Бујар Османи ги вoзнeмиpи експертите политолози во земјава, но и во странство. Оправдувајќи го фактот дека лaжeлe, тој и Зоран Заев, дека законот за јазици бил испратен до Венецијанската комисија на оценување пред да се изгласа, свесно манипулирајќи со чувствата на граѓаните, Бујар Османи на нajдрзок, бeзoбpaзен и apoгантен начин ја обвини Тања Каракамишева


Фото:Плусинфо

Имено, Османи, инаку вицеремиер во владата на Заев, заедно со премиерот, година дена бпутално лажеа дека законот бил испратен на разгледување во Венецијанската комисија. Откако професорката Тања Каракамишева го обелодени фактот дека овие двајца лажеле, наместо да се извини за тоа што лажел, тој ја обвини Каракамишева.

“Законот за употреба на јазиците нема да се испрати таму се додека нејзин член е Тања Каракамишева” – рече Османи.

На ова реагираше професорот Александар Даштевски.

&nbsp

Сметав дека заменикот на премиерот за европски прашања ќе ја повлече или ублажи изјавата, која се однесува на Венецијанската комисија, дека “Законот за употреба на јазиците нема да се испрати таму се додека нејзин член е Тања Каракамишева”. Тоа е крајно штeтнa изјава за Република Македонија, а особено за евроинтегративните процеси.

Венецијанската комисија е советодавно тело со најголем авторитет, не само во Европа туку и во светот. Покрај другите земји во неа членуваат и САД. Таа се нарекува и Европска комисија за демократија преку право, а во нејзината работа учествуваат и Европската комисија и ОБСЕ. ЕСЧП често ги цитира нејзините мислења во неговите одлуки. Тоа се стручни мислења без никакво политичко влијание. На тој начин успела да се наметне и професорката Тања Каракамишева како експерт. Членовите не учествуваат во подготвување на мислењата за своите држави. Мислењата на комисијата се стручни, така што ако некој закон не е во согласност со Уставот, нема никакви услови некој да интервенира.

Ваквата и други изјави од овој вид не ни одат во прилог и доколку се повторуваат можат да наштетат не само на евроинтеграциските процеси, туку и на угледот на државата во меѓународните односи.
Убеден сум дека на оваа изјава комисијата ќе интервенира, а со загриженост ќе ја разгледаат и Советот на Европа и Европската комисија, кои ја подржуваат нејзината работа.

Претходно «
Следно »