December 4, 2021, 6:38 pm

Животни навики:Меган секое утро станува во исто време, Кејт го шета кучето три пати на ден, а кралицата го завршува денот со чаша шампањ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што знаеме, квалитетниот сон е од витално значење за здрав ум и тело. Експертите за здравје и благосостојба на Кралската CBD го знаат ова подобро од повеќето од нас, па ја истражувале рутината на спиење на Кејт Мидлтон, Меган Маркл и кралицата Елизабета за да утврдат како тие се релаксираат во текот на ноќта и како можеме тоа да го имитираме.

Меган Маркл

Совети за спиење:
Станете рано, започнете го денот со јога, отфрлете го кофеинот Уште пред да стане дел од кралското семејство, Меган во интервјуа отворено зборуваше за важноста на здравјето и благосостојбата на квалитетниот сон. Меган вели дека се буди во исто време секое утро (4:15 часот) за да го одржи својот ритам на спиење. Таа го започнува денот со јога и за важноста на таквата рутина вели: „Утрото, како што сите знаеме, е време кое го одредува темпото за денот што претстои“. Иако не е нужно поврзана со нејзината рутина за спиење, Меган исто така зборувала за искушението да посегне по кофеин кога е уморна, велејќи: „Лесно е да паднеш во стапицата на пиење кафе кога ќе ти падне концентрацијата во 16. часот. Наутро блендирам јаболка, зелка, спанаќ, лимон и ѓумбир и мислам дека пиењето од тоа ја зголемува енергијата многу подобро од шолја еспресо“.

Кејт Мидлтон
Совети за спиење:
Одете на спиење во исто време секоја вечер, вечерајте рано, бидете активни во текот на денот. Кејт Мидлтон зборува и за здрава рутина, редовно вежбање и урамнотежена исхрана богата со протеини и зеленчук. Кејт вели дека легнува во 22:30 секоја вечер, што и помага во рутината на спиењето и полесно да заспие. Таа подготвува и вечера за семејството и јаде рано, околу 18. часот, за нејзиното тело да има време да ја свари храната пред спиење. Таа верува дека активниот начин на живот е одговорен за одржување на рутината на спиење под контрола. Секое утро или ќе трча во близина на палатата или ќе оди на прошетка со Лупа, семејното куче. Познато е дека кучето на прошетка го носи три пати на ден, или во паркот или во градините на палатата. Ако тоа не ве подготви за добар сон, тогаш не знаеме што би ве подготвило.

Кралицата Елизабета

Совети за спиење:
Опуштете се со шолја чај, вечерајте сами, завршете го денот со чаша шампањ. Кралицата и понатаму е со добро здравје, можеби пшоради тоа што се погрижила добро да се одмори. Почнува да се релаксира од секојдневните обврски со шолја чај; пијалоците како чајот имаат смирувачки ефект врз телото, а топлите пијалоци придонесуваат за чувството на замор. Кралицата често вечера сама, што е добар начин да останете сами со вашите мисли и да заборавите на стресот што сте го доживеале во текот на денот. Секоја вечер носи чаша шампањ во кревет, вели нејзината братучетка Маргарет Роудс. Премногу алкохол пред спиење може да доведе до прекин на спиењето, но една чаша шампањ е сосема доволна за да се опуштите без да ја загрозите вашата рутина за спиење. Шампањот има и светла боја, што значи дека следното утро многу помала е веројатноста да имате проблем со мамурлакот.

Latest News

ЕВН: Жителите на Грчец нeлeгално користат струја за копање биткоини

ЕВН Македонија денеска реагираше откако жители на селото Грчец протестираа поради дефекти на мрежата за дистрибицуија на електрична енергија....

More Articles Like This