ЖИВОТОТ ЌЕ ПОСКАПУВА: Со чекорите кои ги прави СДСМ трошоците за живот очигледно е дека ќе растат!

  • August 24, 2017

Како и за најголем дел од ветувањата на СДСМ, така и од ветувањето за намалување на трошоците за живот за граѓаните, нема да има ништо. Се што прават во изминативе три месеци е спротивно на тоа што го најавуваа во делот на намалување на трошоците на живот. Објавија дека ќе ги зголемат даноците, дека ќе ги зголемат придонесите за здравствено и пензиско, го сопреа зголемувањето на пензиите, направија намалување на девизните резерви од 192 милиони евра, одговори на новинарско прашање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на општина Бутел.

-Се запреа најголемиот најголемиот дел од градежните проекти во земјава. Се запреа градби на автопати, градбата на Клиничкиот центар во Скопје, се запре градбата на Драмскиот театар…Се што требаше да се гради и прави и да придонесе во економскиот развој на земјата, се запре. Сите чекори што ги прават се спротивни на тоа дека ќе се намалат трошоците за живот, напротив трошоците за живот очигледно е дека ќе растат, вели Груевски.

Претходно «
Следно »