Жителите на Кучково среде лето на +40 повеќе месеци оставени без вода

Скопското село Кучково од април месец е без вода. Селото има над 200 куќи кои сред лето на +40 степени кога низ државата има страшни пожари жителите на Кучково немаат капка вода.

Како што информираа за Инфомакс, жителите секојденевно се жалеле во општина, од каде што не само што не им излегле во пресрет, туку и ги избркале при последната посета.

Жителите, немајќи излез од ситуацијата, бараат помош да се направи притисок до општина Ѓорче Петров за решавање на овој горлив проблем.