October 19, 2021, 4:47 pm

Жител на Речица им ги отвори вратите на дeмонcтpaнтитe за да одат во седиштето на ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жителите на малата Речица се солидаризираа со денешниот протест во Тетово, јавува нашата новинарка од Тетово. Демонстрантите успеаја да поминат преку полицијата, ное не успеаја да стигнат до седиштето. Потоа се обидоа преку споредната улица, но повторно беа блокирани од полицијата, иако граѓанин, ги пушти своите сограѓани низ својата куќа за да стигнат кон седиштето на ДУИ, пренесува Журнал.мк

Еден од демонстрантите, со кече на главата, за време на првата блокада од страна на полицијата, рече дека:

„ДУИ мисли дека има поддршка од Албанците, но нема“

Покрај организаторите, еден од водачите на протестот е Ибн Емшиу, кој за време на пожарот загуби двајца членови на семејството, неговиот брат и неговиот татко.

За време на протестот,се изгуби едно момче кое учествуваше во демонстарциите.

„Дали имате Господ, ослободи го патот, да го најдам момчето, ако му се случи нешто, одговорен е Амир, шефот на полицијата. Патот е јавен, не е ваш“, им се обрати Емшиу на полицајците.

Во меѓувреме, медиумите објавија дека најмалку едно лице е уапсено за време на протестот кое се упатило кон седиштето на ДУИ преку спореден пат.

Претходно, револтираните членови на семејството одржаа говор пред општината, а потоа фрлаа со јајца кон овој објект.

Latest News

Арсовска на средба со претставници од движењето Полио Плус

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска оствари средба со претставниците од движењето Полио Плус. На средбата,...

More Articles Like This