Житeл на Cингeлиќ завpши во притвop: Во куќата на татко му чувал мapиxyaна, пиштoл и кypшyми

Поврзано

Иckaсани три лица: Кучиња ckитници нaпaднaле три лицa во Аеродром

На 02.03.2021 во 21.00 часот во Полициската станица Аеродром, З.П.(23) од Скопје пријавила дека на булевар „Трета Македонска Бригада”...

Голем пожap во Струга, за срeќа нема повpeдени

На 02.03.2021 во 12:45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот на Охридското езеро во Струга...

Пpeтeпан скопјанец: Со тешки телecни повpeди завршил на клиника

На 02.03.2021 во 16:50 часот во СВР Скопје, од Итната медициска помош било пријавено дека на ул„Улов Палме“ има...
- Advertisement -

Во куќа во сопственост на таткото на 48-годишен жител на скопски Сингелиќ вчера биле пронајдени речиси 13 килограми марихуана во 39 пакувања, како и околу четири литри хашиш масло.

При претресот, полициските службеници пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ 9мм Para, две рамки со по 9 куршуми за овој пиштол и уште 39 куршуми од неутврден калибар – соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и сокривање на трагите, како и можност да го повтори делото.​

Истражната постапка против осомниченото лице е за две кривични дела: Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик – информираат од Обвинителството.

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This