Забраната за групирања останува и за бадниковите огнови

Поврзано

- Advertisement -

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашковска потсети на забраната за групирања, прашана за бадниковите огнови кои се палат на улиците пред утрешниот празник.

„Како и досега и денеска важи забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, такашто во рамки на ова ограничување е и одговорот за евентуалните вечерашни прослави или палење огнови“, рече Грашковска.

Таа оцени дека граѓаните биле совесни за новогодишните празници и очекува така да биде и за Бадник и Божик, пришто апелираше на почитување на мерките.

„Да празнуваме одговорно во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања“, порача Грашковска.

Грашковска најави дека надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Latest News

Австрија вети милион дози од ваkцините за Западен Балкан

Австрија ќе обезбеди милион дози од вакцините против Covid-19 за земјите од Западен Балкан покрај дозите коишто веќе ги...

More Articles Like This