Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци поради снег

  • January 9, 2019

Од 8 и 55 часот изутринава воведена е забрана за движење на тешки товарни возила и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, во двата правци, информира АМСМ.

Забрана за движење камиони, поради снежни врнежи, утринава беше воведена и на патниот правец крак Маврово-Дебар, како и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

Претходно «
Следно »