December 5, 2021, 8:06 am

Завршено пребројувањето во 76 општини, ова се резултатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Досега е завршено е броењето во 76 општини во земјава. Според првичните податоци Државната изборна комисија, досега се избрани градоначалници во првиот круг се во 33 општини и тоа:

Киро Нацков од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Градско

Анго Ангов од СДСМ за градоначалник на Дојран

Аријан Ибраим од ДПТМ за градоначалник на Центар Жупа

Звонко Пекевски од СДСМ за Берово

Блаже Шапов од СДСМ за Богданци

Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ за Босилово

Перо Костадинов од СДСМ за Валандово

Марко Колев од ВМРО-ДПМНЕ за Велес

Миле Петков од ВМРО-ДПМНЕ за Виница

Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ за Гази Баба

Горан Трајковски од СДСМ за Делчево

Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ за Зрновци

Александр Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Илинден

Димитар Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ за Јегуновце

Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ за Кавадарци

Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ за Карбинци

Сашко Митовски од СДСМ за Крива Паланка

Николче Мискоски од СДСМ за Кривогаштани

Томе Христоски од СДСМ за Крушево

Еркан Арифи од ДУИ за Липково

Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ за Могила

Горан Стојанов од ВМРО-ДПМНЕ од Неготино

Стевче Стевановски од ВМРО-ДПМНЕ за Новаци

Борче Митевски од ВМРО-ДПМНЕ за Петровец

Алија Јаоски од ДУИ за Пласница

Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп

Блерим Беџети од ДУИ за Сарај

Стефче Трпковски од ВМРО-ДПМНЕ за Сопиште

Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ за Свети Николе

Костадин Костадинов од СДСМ за Струмица

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ за Бутел

Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ за Штип

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода

Според досегашните податоци, ВМРО-ДПМНЕ досега има градоначалници во 20, СДСМ во 9, ДУИ во три и ДПТМ во една општина.

Согласно податоците од ДИК, втор круг сигурно ќе има во: Лозово, Росоман, Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино. Зелениково, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Маврово Ростуша, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Студеничани, Старо Нагоричане, Струга, Теарце,Тетово, Чаир,Чашка,Чешиново-Облешево,Чучер Сандево, Шуто Оризари.

Во Скопје, како и во скопските општини Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош и Центар остануваат уште непреброени гласови.

Latest News

Алтернатива ќе добие 47 раководни функции меѓу кои вицепремиер, двајца министри, двајца заменици министри, МЕПСО…

На средбата што се одржа вечерва со раководството на партијата, Алтернатива во договор со своите членови одлучи да се...

More Articles Like This