ЗАВРШИ ИСТРАГАТА ЗА РАСИПАНОТО МЕСО ОД ПОЛСКА: Погледнете во кои земји завршило!

  • February 4, 2019

Европската Комисија соопшти дека тринаесет земји во ЕУ се засегнати од извозот на расипано говедско месо од Полска, јави дописничката на МИА од Брисел.

Освен Полска, земјите во кои може да се најде ова месо се Германија, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Унгарија, Литванија, Летонија, Португалија, Романија, Шведска и Словачка, информираа службите на ЕК за безбедност на храната.

„Од блиску го следам случајот и побарав од инспекторите во мојот тим да бидат во Полска в понеделник за да ја проценат состојбата на терен. Приоритет е да се пронајдат и повлечат сите производи кои доаѓаат од таа касапница, изјави еврокомесарот за безбедност на храната“, Витени Андриукаитис.

Тој ги повика полските власти да спроведат темелна истрага и да ги преземат сите потребни мерки за почитување на правото на ЕУ, вклучително и „ефикасни и брзи казни“ против ова „криминално однесување“ кое претставува ризик за јавното здравство и сведочи за „неприфатлив третман на животните“, додаде комесарот.

Полските власти во петокот ја информираа Европската Комисија дека касапницата е затворена и дека се уништуваат производите кои доаѓаат оттаму.

Кон крајот на јануари, истражувачки новинар во Полска откри дека во касапницата се малтретираат животните и дека се произведува расипано месо од болни говеда кое потоа се извезува ширум ЕУ.

Европската Комисија го активираа системот на брзо алармирање за прехранбени производи.

Претходно «
Следно »